По претходната успешна посета на факултетот, учениците и студентите се договорија за повторна средба на Земјоделскиот факултет во Скопје. На 03.11.2017 година, учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” заедно со нивниот ментор, повторно го посетија факултетот кадешто овој пат тие микроскопираа различни препарати кои самите ги подготвија. Преку оваа дружба, младите истражувачи ги проширија своите знаења и се подготвија за понатаможниот настан “Ноември – месец на науката” кадешто учениците ќе учествуваат со изведување и презентација на експерименти.