На седми јуни и оваа година младите производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во ООУ „Вера Циривири – Трена“, а е дел од Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта. Во соработка со компанијата „Евгени“ и Земјоделскиот институт, а под будното око на Лазе, Томе и наставничката Дивна произведени се првите краставици. Учениците кои беа вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи штотуку набрани краставички од градината, произведени без хемиски средства. Наредната недела се очекуваат првите тиквички, брокула, зелка и карфиол.